Логистички услуги

Магацински услуги

ФЕНИКС има еден од најмодерните магацински простори лоциран во индустриската зона Визбегово. Ние редовно вршиме испораки од овој магацин на повеќе од 500 локации во Северна Македонија.

Магацинот има капацитет од 1.000 палетни места во режим на амбиентална температура (15°C до 25°C) и до 200 палетни места во режим на ладна температура (2°C до 8°C).

Искрено веруваме дека нашиот високо-технолошки магацин ќе ги исполни сите очекувања на фармацевтската индустрија.

• Целосно усогласен со барањата на ДДП во сите температурни зони

• Нова и модерна технологија во складирањето

• Највисоки стандарди за квалитет 

• Одлична локација

 

Услуги со додадена вредност

ФЕНИКС Фарма Северна Македонија го организира и спроведува процесот на доработка на производите со внатрешни упатства во два комплетно опремени објекти, во согласност со сите законски барања, вклучително и упатства за добра дистрибутивна и добра производствена пракса. Специјално дизајнираниот простор за овој вид на услуга, како и опремата што се користи во процесот се со одобрен квалитет и квалификувани во согласност со важечките упатства. Целата постапка се одвива под контрола на одговорни лица во согласност со утврдените процедури според кои континуирано се обучуваат сите наши вработени кои се дел од тој процес.