Нашата визија

Ние сме партнер од прв избор за едноставен и директен пристап до здравствени производи и услуги низ Европа.

СЕ ФОКУСИРАМЕ НА КЛИЕНТИТЕ

Работиме на пазари со различни клиенти и ги исполнуваме нивните сегашни и идни очекувања обезбедувајќи портфолио на производи и услуги во согласност со специфичните потреби.

РАБОТИМЕ ЕФИКАСНО

Се стремиме кон извонредност во сè што правиме, континуирано го оптимизираме работењето и ефикасно ги користиме ресурсите за да работиме подобро и поодржливо.

РАЗМИСЛУВАМЕ ОДНАПРЕД

Поттикнуваме иновации и преземаме активна улога во дигиталната трансформација на здравствениот сектор во Европа со цел да го поддржиме зачувувањето на здравјето на нашите клиенти.

ПОТТИКНУВАМЕ СОРАБОТКА

Се поддржуваме меѓусебно преку размена на знаење, компетенции и најдобри практики во сите компании и на сите пазари каде што сме присутни.

СОЗДАВАМЕ ВРЕДНОСТ

Ние сме семејна компанија и следиме долгорочна стратегија, обезбедувајќи нашиот раст да создава вредност и за генерациите што доаѓаат.

НИЕ СМЕ ЕДЕН ТИМ

Нè поврзува заедничка визија на компанијата и ги прифаќаме сите кои се подготвени да ја остварат заедно со нас преку поттикнување на личен и професионален развој во инклузивна средина.