Кариера

Перспектива во компаниите Феникс во Северна Македонија

Нашата корпоративна култура и деловен модел се потпираат на фактот дека ги поддржуваме промените и ги гледаме како вистинска можност. Отвореноста кон нови решенија и идеи и постојаната љубопитност се движечки сили зад нашиот проактивен пристап кон развој на нови идеи и способност за дејствување.

Потребите на нашите клиенти се подеднакво важни за нас. Ние разбираме кои услуги им се потребни и како можеме постојано да ги подобруваме. Ова значи дека можеме да развиеме адаптиран пристап кон пазарите што ни овозможува да постигнеме постојан напредок и успех.

Ние работиме брзо и сигурно - во согласност со потребите на нашите клиенти.Тоа е она што нѐ издвојува.

Ние се трудиме да бидеме иновативни и учејќи едни од други да одговориме на растечките побарувања на пазарот.

Доколку станете дел од нашиот тим, ќе имате можност да работите во пријатно и продуктивно работно опкружување, со големи можности за напредување и развој.

Ние очекуваме да бидете мотивирани, истрајни и да ги почитувате корпоративните стандарди.

Доколку сакате да ги направите Вашите „први чекори“ во некоја од компаниите на ФЕНИКС што работат во Северна Македонија контактирајте нѐ на: personal(at)phoenixpharma.com.mk или personal(at)elpharma.com.mk.