Нашите брендови

ЕЛ Фарма

EL PHARMA (Evropa Lek Pharma) од 2009 година, како членка на PHOENIX групацијата, носи стручност, сигурност и професионалност во секој сегмент од фармацевтскиот синџир – од производител до пациент. Нашата мисија е да обезбедиме сеопфатна поддршка при влез на пазарот во Србија, во процесите на дистрибуција и во создавање дополнителна вредност за нашите партнери.

Регионална интеграција и раст

Следејќи ги современите трендови и стандардите на добра пракса, развиваме решенија што им овозможуваат на партнерите побрз пласман на производите и оптимизација на работењето. Преку филијалите во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора, како и преку PHOENIX CEE мрежата, овозможуваме пристап до целокупниот регионален пазар.

Како интегрален дел од PHOENIX групацијата Србија, на нашиот пат кон успехот нè води визијата на компанијата да бидеме прв избор за едноставен, сигурен и брз пристап до здравствени производи и услуги во Европа.

Тим од стручњаци и широк портфолио на услуги

Нашиот тим го сочинуваат искусни стручњаци од регулаторни, комерцијални и фармацевтски области. На партнерите им обезбедуваме сигурност преку строга усогласеност, квалитетни процеси и транспарентна комуникација. Услугите опфаќаат:
– влез на пазарот и регистрација на лекови
– маркетиншка и продажна поддршка
– логистика на клинички испитувања
– специјализирано царинско складиште

Доколку во нас препознавате партнер што може да го унапреди вашето работење, подготвени сме заедно да креираме решенија што носат резултати.