Посветени на нашите партнери во фармацевтската индустрија

Нерегистрирани лекови

Постојат неколку причини поради кои одреден производ не е достапен за пациентот во одредена земја. Секое примено барање ние го третираме детално и со внимание со цел да обезбедиме достапност на овие лекови кои им се итно потребни на пациентите. Ние сме сигурен снабдувач на нерегистрирани лекови и експерт за:

  • Повлекување / престанок на пазарот
  • Недостаток на лекови
  • Пост-истражувачки пристап
  • Ран пристап

Недостаток на лекови се јавува во сите здравствени установи и вклучувајќи ги  и основните лекови  кои спасуваат живот и лекови кои  се користат во секојдневието. Нашето искуство во обезбедување пристап до нерегистрираните лекови ни овозможува да најдеме решенија и да го спречиме или намалиме влијанието на недостигот.

Пост –истражувачкиот пристап вклучува континуирано обезбедување на производот за учесниците во клиничкото испитување по завршувањето на  испитувањето.

Обезбедувањето ран пристап до лековите е клучна фаза во стратегијата за пристап на повеќето фармацевтски компании на пазарот и е од витално значење за да се обезбеди успешно лансирање на производот.

Имаме единствено искуство во поддршката на фармацевтските компании преку обезбедување на етички и усогласен пристап кон нивните лекови.