Посветени на нашите партнери во фармацевтската индустрија

Намалувањето на трошоците и регулаторните барања стануваат секојдневен предизвик за нашите партнери на кои им нудиме широк спектар на услуги за оптимизација и ефикасност на процесите низ целиот синџирот на снабдување. Флексибилноста на пристапот и прилагодувањето кон очекувањата и потребите на секој партнер се основа на решенијата што ги создаваме.

Здравствена дејност

Со пристап на регионална соработка и еден контакт за сите потреби на современиот фармацевтски бизнис, ЕЛ Фарма како компанија членка на ФЕНИКС групацијата нудиме широк спектар на услуги посветени на здравствените дејности.

Дознај повеќе
Market Access

Пристап до пазарот

Пазарот на Југоисточна Европа што го опфаќа ЕЛ ФАРМА како дел од групацијата ФЕНИКС обезбедува изобилство можности за сите фармацевтски компании кои бараат нови пазари за да ги пласираат своите производи и услуги. Регионалната соработка и модерниот пристап кон бизнисот се императив во сите деловни односи.

Дознај повеќе
Marketing and Filed Force

Маркетинг и продажба

Развојот и градењето деловни активности за нашите партнери е тоа што ние го работиме. ЕЛ Фарма како ФЕНИКС комапнија обезбедува услуги за застапување во маркетинг и продажба на фармацевтски брендови и производи на професионален, координиран и компетентен начин.

 

Дознај повеќе
Regulatory Affairs

Регистрација на лекови

Регистрацијата на лекови и медицински производи е една од услугите што им ги нудиме на нашите партнери. Големото искуство во регулаторната дејност е резултат на долгогодишната регистрација и успешното пласирање на големиот број брендови на локалните пазари. Посветениот тим на ЕЛ Фарма им нуди услуги за регистрација на сите партнери на ФЕНИКС.

 

Дознај повеќе

Нелиценцирани лекови

Кога пациентите не се во можност да го добијат најдобриот медицински третман со производите достапни на пазарот, нелиценцираниот лек е одговорот. Знаеме колку е важно пациентите да добиваат вистински лекови во вистинско време.

Дознај повеќе

Логистика на клинички испитувања

На нашите партнери (фармацевтски компании, спонзори, CRO организации) им нудиме поддршка за спроведување на клинички испитувања во Северна Македонија преку флексибилни решенија во согласност со специфичните потреби на клиентите.

Логистичката поддршка, набавката на компаративни лекови и локалните набавки на барање на клиентот се обезбедени од тим на професионалци со долгогодишно искуство и знаење од областа на фармацевтските регулативи, регулативи за надворешна трговија, барања за обезбедување квалитет со користење на современа опрема и врвни ИТ решенија. Бидејќи сме специјалисти во обезбедување на логистичка поддршка на клинички испитувања, ние сме Вашиот сигурен партнер.

 

Дознај повеќе

Услуги со додадена вредност

Нашите услуги со додадена вредност создаваат дополнителен простор за соработка. Регулативите, комплетно опремен простор и обучен и искусен тим обезбедуваат високо ниво на услуга меѓу стандардизираната логистика за складирање.

Дознај повеќе
Warehouse services

Магацински услуги

Ние нудиме широк спектар на магацински услуги дизајнирани за да го поддржат континуираното снабдување на фармацевтски компании. Ние обезбедуваме професионална услуга за клиенти и високо флексибилни и прилагодени решенија за да ги направиме производите достапни на фармацевтскиот пазар. Ние постојано работиме на подобрување на нашиот систем за управување со квалитетот.

Дознај повеќе